Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2013

Уапсен Дан Тан, најголемиот местач на Истокот

Сингапурската полиција потврди вчера дека го уапсила Дан Тан, кој е осомничен дека е главен актер во местењето на повеќе од 600 фудбалски натпревари ширум светот.

Европол на почетокот на месецот објави дека се идентификувани 380 натпревари во Европа и уште 300 во остатокот на светот како сомнителни поради манипулација со резултатот. Како мозок на целата операција беше спомнат Сингапурецот Дан Тан. Во четвртокот во Милано беше уапсен негов наводно близок соработник, словенечкиот државјанин Адмир Суљич, а ден подоцна приведен е и самиот Дан Тан.
„Дан Тан Сет Енг, сингапурски државјанин чие име се спомнува во извештаите за местење на натпревари, во моментов им помага на сингапурските власти во нивната истрага. Понудивме помош и размена на информација на државите кои се зафатени со местењата“, се вели во соопштението на сингапурската полиција.
„Апсењето на Суљиќ и приведувањето на Дан Тан е важно затоа што светското мислење е дека силите на законот не можат да направат ништо против мафијата и дека Тан и неговите соработници се недопирливи и се над законот“, изјави главниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл.

Најнови вести