Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2013

ФИФА суспендира 26 фудбалери

Фудбалерите се суспендирани во период од два месеци до четири години и забранети им се сите фудбалски активности. Казнети се 23 италијански фудбалери и по еден белгиски, белоруски и хрватски фудбалер.

Меѓународната фудбалска федерација суспендира 26 фудбалери и едно официјално лице, учесник во наместените натпревари на Бари – во мај 2008 година против Тревизо и во мај следната година против Салернитана.
Суспензиите се со должина од два месеци до четири години, а светската фудбалска организација не ги соопшти имињата на фудбалерите.
Во јули оваа година фудбалерите кои учествуваа во аферата „Бари бис“, како што ја нарекоа италијанските државни органи, ги казни и Италијанскиот фудбалски сојуз. Од познатите имиња, најголема казна доби 34-годишниот белгиски голман Жан-Франсоа Жиле, кој во тоа време бранеше во Бари, а до неодамна беше прв голман на италијанскиот прволигаш Торино. Жиле доби казна дури од 43 месеци.

Најнови вести