Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2014

Скандал со местење натпревари ја тресе Грција

Поради местење на фудбалски натпревари покрената е истрага против 16 официјални лица во грчкиот фудбал, меѓу кои е и претседателот на Олимпијакос, соопшти грчката полиција.

Обвинителството не ги именуваше лицата кои се осомничени за корупција, но грчките медиуми известија дека меѓу нив е и првиот човек на водечкиот грчки клуб Олимпијакос, Евангелос Маринакис.
Олимпијакос освои 16 од последните 18 шампионски титули во националното првенство.
Обвинети се и неколку официјални лица од Грчката фудбалска Федерација и неколку судии за „местење, учество во криминално организирање, измама и обид за изнуда и корупција“.
Истрагата е фокусирана на натпреварите кои се играни од 2011 до 2013 година.
Маринакис, кој го поседува Олимпијакос од 2010 година, и претходно беше вмешан во скандал со местење на натпревари во сезоната 2010/11, и сè уште е предмет на истрага.

Најнови вести