Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2013

Почна апсењето за местење натпревари: Уапсен државјанин на Словенија

Адмир Суљич беше на потерница на правосудните органи на градот Кремона од 2011 година под обвинение дека учествувал во масовно местење на резултати на натпревари, во случајот во кој веќе се уапсени 50 лица.

Италијанската полиција денес на аеродромот во Милано го уапси Адмир Суљич, државјанин на Словенија, кој е осомничен за местење натпревари.
Полицијата соопшти дека Суљич, кој е во бегство од декември 2011 година, е клучна алка во операцијата „Последно обложување“.
Како што се наведува, Суљич , кој е уапсен откако допатувал од Сингапур, бил во врска со неодамна осомничените за организирано местење натпревари.
Роналд Нобл, генералниот секретар на Интерпол, денеска изјави дека сингапурската полиција ги известила италијанските колеги дека осомничениот за местење натпревари е во авионот кој треба да слета во Милано.
Нобл на конференција за новинарите во Сингапур изјави дека по Суљич има потера од италијанската полиција бидејќи под сомнение дека соработува со сингапурскиот бизнисмен Тан Сет Енг, познат како Дан Тан.
Италијанската полиција соопшти дека Суљич сакал да им се предаде на властите и дека е соочен со обвиненијата за криминално здружување и измама во спортот.
Со истрагата на Европската полициска агенција се идентификувани околу 680 сомнителни мечеви низ целиот свет, вклучувајќи и натпревари на Лигата на шампионите и на квалификациите за Светското првенство и за Европскиот шампионат.

Најнови вести