Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2013

Џенаро Гатузо во центарот на обложувачки скандал

Џенаро Гатузо, поранешниот фудбалер на Милан и на италијанската фудбалска репрезентација, се најде под засилена истрага поради наводно илегално обложување и местење натпревари.

Тужителот од Кремона Роберто ди Мартино, кој веќе три години ги гони измамниците во италијанскиот фудбал, за медиумите потврди дека Гатузо е еден од играчите под сомнение дека местел, а потоа се обложувал на резултатот на тие натпревари на крајот на сезоната 2010/11.
Друг попознат играч кој соработувал со Гатузо наводно е Кристијан Броки, а освен двајцата, на испитување се приведени уште четири лица: Салваторе Спадаро, Франческо Бацани, Косимо Ринки и Фабио Квадри. Тие се под сомнение дека помогнале да се спојат Гатузо и Броки со обложувачката мафија.
Од средината на 2011 година уапсени се преку 50 активни и пензионирани фудбалери, како и други лица кои биле поврзани со фудбалот.

Најнови вести