Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2013

Голманот на Торино суспендиран на 43 месеци

Жан-Франсоа Жиле, белгискиот голман на италијанскиот Торино, е суспендиран на три години и седум месеци поради учество во местење натпревари.

Ниедна фудбалска претсезона на Апенинскиот Полуостров во последните години не помина без скандал со местење натпревари, па така ниту оваа.
По покренувањето тужби против Лече, Џенова и Лацио пред неколку дена и против осум нивни фудбалери, вклучувајќи го и капитенот на „небесно-сините“ Стефано Маури, сега му е изречена една од најголемите казни на повремениот белгиски репрезентативен голман Жиле.
Жиле е казнет бидејќи учествувал во местењето на две средби додека бил чувар на мрежата на Бари, против Тревизо во мај 2008 година, како и против Салернитана една година подоцна.
Покрај суспензијата за 34-годишниот фудбалер, казна доби и клубот Бари, кому во сезоната 2013/14 ќе му бидат одземени бодови.
Покрај Жиле, казнети се уште 19 лица, а најдрастични мерки се изречени кон сегашниот играч на Фрозиноне Масимо Ганчи, кој нема да излезе на терен во наредните четири години.

Најнови вести