Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2014

Фудбалерите на Престон ослободени со кауција

Шест фудбалери на англискиот третолигаш Престон се пуштени од притвор поради местење натпревари откако платиле кауција.

Фудбалерите се обвинети за „спорт фиксинг“, што не е местење на резултати на фудбалски натпревари туку намерно добивање картони, правење фаули, исфрлање на топката во корнер и други активности кои не влијаат директно на резултатот.
Обвинетите фудбалери – капитенот Џон Велш, Кит Кин, Бејли Рајт, Дејвид Бјукенан, Бен Дејвис и Грахам Каминс се уапсени во вторникот, а сите шестмина се изјасниле дека се невини.
Со плаќање кауција ослободен е и фудбалерот од средниот ред на Барнсли, Стивен Досон, кој исто така бил уапсен во вторникот.
Портпаролот на Престон изјави дека во клубот се разочарани што имињата на фудбалерите се појавиле во јавноста, иако против никого сè уште нема покренато обвинение.
„Сите овие фудбалери ќе бидат во конкуренција за првиот тим, а ако ситуација не добие некој неочекуван пресврт, работата на клубот ќе продолжи вообичаено“, се вели во соопштението.
Истрагата се однесува на натпревари од претходната и оваа сезона.
Престон е петти на таблета во англиската Лига 1, трета по ранг, со 75 освоени бодови и се бори за промоција во Шампионат лигата.


Најнови вести