Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2012

Фудбалери на Наполи обвинети за прикривање на наместен натпревар

Двајцата фудбалери на Наполи, второпласираната екипа во италијанската Серија А, Паоло Канаваро и Џанлука Грава, се обвинети за прикривање на наместен натпревар.

Во италијанскиот фудбал и понатаму трае борбата против местењето на натпревари, а во моментов на дневниот ред е Наполи. Досега е докажана вината на некогашниот голман на Наполи, Матео Џанели, кој во 2010 година учествувал во местењето на натпреварот со Сампдорија.
Италијанската фудбалска федерација докажала дека во таа прилика Џанели се обидел во местењето да ги вклучи Канаваро и Грава, и од нив побарал да му бидат соучесници. Двајцата фудбалери на Наполи одбиле да учествуваат, но никому не го пријавиле случајот.
Сега Канаваро и Грава, кои сè уште се фудбалери на Наполи, се пред казна за прикривање на случајот, а од истите причини веќе служи казна и тренерот на Јувентус, Антонио Конте, кој исто така не пријавил местење на натпревар, иако знаел за тоа.

Најнови вести