Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2013

Гатузо: Ќе се убијам пред сите ако се докаже дека сум виновен

Џенаро Гатузо, легендарниот некогашен 35-годишен италијански фудбалер, ќе мора да ја докаже сопствената невиност во аферата која е покрената во италијанскиот фудбал.

Гатузо е под сомнение дека учествувал во местењето на некои натпревари во периодот меѓу 2011 и оваа година.
„Веднаш да разјаснам сè. Никогаш во животот не сум местел натпревари. Никогаш ниту со некого сум разговарал околу тоа. Искрено, не знам ниту од каде да почнам дури и кога би сакал да наместам некој натпревар“, изјави легендарниот фудбалер на Милан и додаде:
„Ако се докаже дека сум виновен, ќе отидам во центарот на градот и ќе се убијам пред сите. Ова го зборувам од срце, зарем навистина некој мисли дека сум бил спремен да го нарушам целиот углед во име на местење на еден, два или три натпревари? Па, не би можел никого веќе да го погледнам во очи. Сè што сум градел би паднало во вода во таа секунда“, додаде Гатузо.
„Ла Газета дело спорт“ пишува дека, меѓу останатите, под засилена истрага се натпреварите: Милан – Лацио, Киево – Милан (двата од февруари 2011 година), Милан – Бари (од март 2011), Јувентус – Лацио (од април 2012) и Палермо – Интер (од април оваа година).

Најнови вести