Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2013

ФСС: Осум клубови не може да регистрираат нови фудбалери

Партизан и Црвена ѕвезда и понатаму имаат забрана да регистрираат нови играчи бидејќи не ги исплатиле долговите кон доверителите, соопшти Фудбалскиот сојуз на Србија.

Дисциплинската комисија на ФСС одржа состанок на којшто е установено забраната за регистрација на нови играчи да им се укине на Јавор Ивањица и ОФК Београд од Супер лигата.
На Партизан забраната за регистрација на нови играчи му остана поради спорот со Раднички од Крагуевац и поранешниот тренер Александар Станојевиќ.
„Црвено-белите“ имаат неподмирени обврски кон Борац и Јавор, кон поранешните тренери Жарко Ѓуровиќ и Слободан Маровиќ, односно кон играчите: Владан Биниќ, Дејан Миловановиќ, Славко Перовиќ, Милан Јеремиќ, Милош Рељиќ, Марко Николиќ, Данијел Михајловиќ и Марко Перовиќ.
Покрај вечните ривали, на списокот се уште: Јагодина, Рад, Слобода, Нови Пазар, БСК, Смедерево, заедно со членовите на втората лига на Србија: Напредак, Инџија и Нови Сад.
„Мерките за забрана на регистрација на нови фудбалери не се однесуваат на можноста за трансфер на играчи во други клубови. Посветуваме внимание новите играчи да не бидат во можност да се регистрираат, а со самото тоа и да настапуваат, сè додека клубовите во целост не ги подмират своите обврски“ се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Дисциплинската комисија апелира клубовите во најкраток рок да ги исплатат своите финансиски обврски кон доверителите или доколку постои можност, да склучат договори во врска со начинот за подмирување на своите обврски.

Најнови вести