Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2013

Рома два месеци без Дестро

Матија Дестро, младиот 21-годишен напаѓач на Рома, два месеци ќе отсуствува од фудбалскиот терен поради операција на коленото.

„На Матија Дестро му беше извршен оперативен зафат на коленото. Операцијата траеше 20 минути и во целост беше успешна. Периодот на закрепнување се проценува на околу осум седмици“, стои во соопштението на Рома.
Дестро, кој постигна четири голови и две асистенции во 16 лигашки настапи оваа сезона, коленото го повреди во средата, на полуфиналната средба на Италијанскиот куп, во која Рома беше поразена со 2-1 од Интер од Милано.
Рома моментно е седмопласирана екипа во Серија А, со 33 бодови во 21 натпревар, а вчера во натпреварот од 22-то коло одигра реми 3-3 на гости кај Болоња.

Најнови вести