Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2012

Жиру и Росицки се враќаат во тимот на Арсенал

Францускиот напаѓач Оливие Жиру и чешкиот фудбалер од средниот ред, Томаш Росицки, ќе бидат подготвени за настап на денешниот натпревар од 20 коло од Премиер лигата во кој Арсенал го пречекува Њукасл.

Двајцата го пропуштија последниот натпревар на Арсенал (победата од 1-0 на гости кај Виган) поради болест, а сега закрепнаа и ќе конкурираат за настап, откри менаџерот Арсен Венгер.
Французинот додаде дека фудбалерот од средината на теренот Абу Диаби и левиот бек Андре Сантош ќе почнат со тренинзи следната седмица откако заздравеа од повредата на задната ложа, како и дека не е сигурен дали легендарниот Тиери Анри ќе дојде во јануари како позајмен фудбалер.
Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал, а сегашен напаѓач на Њу јорк Ред булс, минатата сезона дојде на двомесечна позајмица во поранешниот клуб, а имаше многу најави дека истото може да се случи и во овој преоден рок.
„Неговиот втор мандат во клубот беше многу успешен, но мораме да бидеме претпазливи да не претераме. Имаме многу близок однос, но воопшто не сум разговарал со Анри за тоа“, изјави Венгер.

Најнови вести