Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2012

Тулалан еден месец надвор од теренот

Малага еден месец ќе биде без францускиот интернационалец Жереми Тулалан, кој се повреди на средбата од Лигата на шампионите против Андерлехт во вторникот вечерта.

Натпреварот е завршен со резултат 2-2, а Тулалан го повреди бутниот мускул на левата нога, додека на прегледите е установено дека ќе мора да мирува минимум еден месец.
Првата фаза од натпреварувањето во Лигата на шампионите Малага ја заврши на првото место во групата Ц.
Шпанскиот клуб во Примера лигата моментно се наоѓа на петтото место, пред Хетафе, а викендов ја дочекува Гранада. Средбата се игра во сабота од 18 часот, на стадионот „Ла Росаледа“.

Најнови вести