Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2012

Анри по трет пат во Арсенал

Тиери Анри, најдобриот стрелец во историјата на Арсенал, по трет пат во кариерата ќе игра во дресот на лондонскиот премиерлигаш, пренесоа англиските медиуми.

Неговиот клуб, Њујорк Ред булс, се согласи да му го даде на заем на Арсенал во текот на паузата во МЛС-лигата, така што поранешниот репрезентативец на Франција ќе ѝ се приклучи на екипата на „Емирати“ на први јануари.
Триесет и петгодишниот фудбалер светската слава ја стекна играјќи за Арсенал меѓу 1999 и 2007 година, за кого постигна рекордни 228 голови на 376 натпревари.
Анри потоа три сезони играше во Барселона, од каде што премина во Њујорк, а американскиот клуб веќе му го позајмуваше на Арсенал во текот на зимската пауза 2011/12.
Медиумите истакнуваат дека Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“, сака Анри да остане што подолго во клубот, но дека Њујорк тешко дека ќе дозволи подолго отсуство од шест седмици, бидејќи сезоната во МЛС почнува во март следната година.

Најнови вести