Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2011

Вимблдон по 125. пат

Денеска стартува 125 издание на најпрестижниот тениски турнир на планетата – Вимблдон 2011.

Во подрумите на „Ол ингланд клуб“ на големо се ладат неколку посебно избрани сандаци со „Лансон“ шампањ кои ќе бида отворени на 3 јули од страна на новите шампиони.

Додека светските обложувалници се трудат кој од нив ќе понуди подобри коефициенти за освојувачот на пехарот и неофицијалната титула светски тениски шампион, главни фаворити се Швајцарецот Роже Федерер, Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ.

Надал е и прв ностиел на овој турнир, но Федерер има шанса со победа на англиската трева да се израмни со Пит Сампрас, кој досега седумпати се радувал во Вимблдон.

Кај дамите прва носителка е Каролина Возњацки, која е и прва на ВТА листата. Слично како и кај мажите, шанса да влезе во историјата ќе има и Венус Вилијамс, која досега петпати успевала да го подигне пехарот на Вимблдон.

Програмата почнува денес во 13 часот, а први на теренот ќе истрчаат Рафаел Надал против Американецот Мајкл Расел, а пак кај жените, шестата носителка Франческа Скјавоне против Јелена Докиќ.

Најнови вести