Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2012

Рон Влар премина во Астон вила

Холандскиот фудбалер Рон Влар од Феенорд премина во англискиот клуб Астон вила, со кого потпиша тригодишен договор.

„Сакам да го продолжам патот на Пол Мекгарт, Олоф Мелберг и, секако, Мартин Лаурсен, кои се големи играчи“, изјави 27-годишниот стопер.
Влар за репрезентацијата на својата земја настапи девет пати, а играше и на неодамна завршеното Европско првенство во Полска и Украина.
Астон вила го доведе Влар за да ги замени Карлос Куелјар и Џејмс Колинс, коишто го напуштија клубот.

Најнови вести