Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2012

Росицки на лекување во Прага

Капитенот на чешката репрезентација, Томаш Росицки, отпатува од тренинг-кампот во Полска за Прага, каде што ќе се обиде да ја залечи повредата на петицата и да се подготви за четврт-финалето на Европското првенство.

Со него во главниот град на Чешка отпатува и физиотерапевтот на националниот тим Павел Колар. Росицки се повреди на натпреварот од второто коло во групата А против Грција, на кој Чешка славеше со 2-1.

Репрезентацијата на Чешка во четврток во Варшава ќе игра против Португалија во четврт-финалниот дуел на Евро 2012.

Најнови вести