Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2012

Росицки би можело да го пропушти Европското првенство

Михал Билек, селекторот на репрезентацијата на Чешка, прими вознемирувачки вести.

Томаш Росицки, фудбалерот на Арсенал, би можело да го пропушти претстојното Европско првенство, откако на последниот тренинг заработи повреда на мускулот на ногата. Тој ќе мине низ николку медицински испитувања за да може со сигурност да се установи сериозноста на повредата.
Како резерва за новонастанатата ситуација Билек го повика Владимир Дарида, фудбалерот на Викторија П’лзењ.
„Засега немам причина за паника кога е во прашање Росицки. Меѓутоа, ако во наредните неколку седмици тој не биде сто отсто фит, ќе го повикам Дарида“, рече селекторот на Чешка.
За Росицки последната сезона во Арсенал му беше можеби и најдобра во дресот на лондонскиот клуб и би била огромна штета за Чесите доколку Томаш не заигра на континенталниот собир.

Најнови вести