Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2012

Официјално: Адлер и Руднев во Хамбургер

Хамбургер потврди дека стигнаа првите засилувања за наредната сезона, а тоа се голманот Рене Адлер и напаѓачот Артјом Руднев.

И за двата трансфера веќе долго време се шпекулираше по германските медиуми, но во Хамбургер чекаа да заврши сезоната за да го потврдат тоа официјално. Дваесет и седумгодишниот Адлер доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Баер Леверкузен, во кој бранеше од почетокот на својата кариера, односно последните девет години. За репрезентацијата на Германија на голот стоеше на десет меча, а за „фармацевтите“ сезонава не настапи ниту еднаш бидејќи имаше проблеми со повредата на коленото.
Руднев, пак, во нападот треба да биде замена за Младен Петриќ, кој во саботата го одигра последниот меч за Хамбургер. Литванскиот репрезентативец во последните две години беше дел од Лех Познањ, за кого оваа сезона постигна дваесет и два голови.

Најнови вести