Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2012

Бити до крајот на сезоната во Хартс

Шкотскиот прволигаш Хартс потврди дека потпишале со напаѓачот Крег Бити до крајот на оваа сезона.

Дваесет и осумгодишниот поранешен фудбалер на Селтик и Вест Бромич во Шкотска доаѓа како слободен играч, откако минатиот месец беше ослободен од обврските во Свонси. Најверојатно, тој своето деби ќе го има уште во сабота, кога неговиот нов тим ќе го нагости Данди јунајтед.
Бити има историја со овој клуб, уште како дванаесетгодишен играч, под водство на тренерот Џон Мареј, а денес спортски директор, беше дел од Хартс пред да замине за Ренџерс.
Освен за овие два тима, тој професионално настапуваше и за Селтик, а во 2007 година повторно се врати во Англија, во редовите на Вест Бромич. Во својата кариера играше и за Престон, Кристал палас и Шефилд јунајтед, пред да се пресели во Свонси за сума од 800.000 фунти.
Откако на велшкиот клуб му помогна да се пласира во Премиер лигата, неговиот учинок беше лимитиран и тој сè повеќе се наоѓаше на клупата за резерви отколку на теренот.

Најнови вести