Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2012

Реја го напушта Лацио

Стратегот Едоардо Реја не го издржа турбулентниот период во Лацио.

По поразите од Атлетико Мадрид во Рим и особено од Палермо на Сицилија од 1-5, стратегот одлучи да го напушти Лацио. Според медиумите, Италијанецот влегол во конфликт со претседателот на клубот Клаудио Лотито и спортскиот директор Игли Таре, коишто ги доведоа под знак прашалник неговите одлуки на натпреварот со Палермо.
Реја тој ден по факс ги известил челниците за неговата оставка, која, судејќи по сè, ќе биде прифатена. Сепак тој би требало да биде на клупата за последен пат на возвратниот натпревар од Лигата на Европа против Атлетико.
Лацио во последно време бележи променливи резултати во Серија А, а двапати е поразен во последните две кола, но и понатаму го има високото трето место на табелата, кое го дели со Удинезе.
Италијанските медиуми шпекулираат дека на листата со потенцијални кандидати да го наследат Реја е и Луиџи де Канио, поранешниот тренер на Лече.

Најнови вести