Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2012

Анри и официјално во Арсенал

Вчера официјално беше реализиран двомесечниот заем на Тиери Анри и тој се врати во клубот во којшто го достигна својот зенит.

Францускиот напаѓач, кој е под договор со Њујорк ред булс, ќе му помогне на својот поранешен клуб во текот на јануари и февруари и ќе ја пополни дупката што ја оставија Жервињо и Маруан Шамах поради настап на Африканскиот куп на нации.
Анри на тренерот Арсен Венгер ќе му биде на располагање за најмалку десет натпревари, од кои осум премиерлигашки, а последниот од нив ќе биде северно-лондонското дерби со Тотенхем.
„Дојдов да седам на клупа, и тоа е сосем нормално. Ова е прилично нереално, но кога се работи за Арсенал, срцето секогаш зборува пред паметот. Кога слушнав за овој план, генерално ми се допадна. Меѓутоа, морам да нагласам дека не доаѓам тука за да глумам херој или нешто да докажувам. Едноставно, сакам да му помогнам на тимот, а луѓето тоа мора да го разберат“, изјави Анри.

Најнови вести