Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2018

Лоша среќа за Англичаните, Деле Али ја пропушта Панама

Деле Али, играчот за врска на Тотенхем и англиски репрезентативец, го повреди бутот во дуелот со Тунис, поради што беше заменет на десет минути пред крајот на натпреварот кој Англија го доби со 2-1.

Како што изјавија од англискиот камп, Деле Али има истегнување на бутниот мускул, а по тестовите и скенирањето ќе се знае колку е сериозна неговата повреда. Според првите вести, Али веројатно ќе го пропушти дуелот со Панама дури и ако се работи за полесна повреда, бидејќи „гордиот Албион“ има многу потешка работа во последното коло, кога ќе игра против Белгија за првото место.
Али на натпреварот со Тунис го замени Рубен Лофтус-Чик, а селекторот Герет Саутгејт можеше да смета и на Фабијан Делф или на Ерик Дајер, кои би можеле да бидат замена за Али.

 

Најнови вести