Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
19.6.2018

Спасителот Кејн: Англија во продолжението го доби Тунис

Репрезентацијата на Англија ја оствари првата победа на Светското првенство во Русија против Тунис со 2-1, а јунак е стрелецот на двата гола Хари Кејн, од кои победоносниот го постигна во продолжението на времето.

Англија подобро го почна натпреварот и како плод на тоа следуваше голот на Хари Кејн. Голманот на Тунис, Муз Хасен во 11-тата минута го одбрани одличниот удар на Стоунс со глава по корнерот, но топката дојде до напаѓачот на Тотенхем, кому не му беше тешко да го постигне првиот погодок на шампионатот.
Голманот Хасен при првиот гол на Англија го повреди рамото и мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Бен Мустафа.
Во 33-тата минута Волкер целосно непотребно со рака го собори Бен Јусеф и судијата покажа на белата точка. Фудбалерот на Манчестер сити доби и жолт картон.
Пикфорд го прочита Саси, го закачи со прстите, но не можеше да го спречи прецизниот удар во долниот десен агол.
Лингард во 45-тата минута ја погоди стативата, со што беше завршено првото полувреме.
Англија почна офанзивно во второто полувреме, со намера што побрзо повторно да дојде во водство, но Тунижаните добро се бранеа. 
На две минути пред крајот, Хари Кејн стана јунак на Англија. Напаѓачот на Тотенхем го постигна својот десетти гол во последните осум натпревари за националниот тим. Топката по корнерот дојде до Кејн, кому не му беше тешко со глава да ја испрати до мрежата.
Англија во наредното коло во недела ќе игра против Панама, додека Тунис еден ден порано ќе се сретне со Белгија. На табелата на групата Г, Белгија и Англија имаат по три бода, додека Тунис и Панама се без бодови.

Најнови вести