Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.5.2018

Косељни ќе паузира до декември

Лоран Косељни, фудбалерот на Арсенал, ќе паузира шест месеци поради повреда на Ахиловата тетива, објави англискиот клуб.

Косељни беше изнесен од теренот во 12-тата минута од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид во четвртокот.
Тој поради повредата нема да може да учествува со репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Русија.
„Нема да го видите најмалку до декември. Разочаран е“, изјави Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, за британските медиуми.

Најнови вести