Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
31.8.2017

Стартува Евробаскетот: Трката почнува во Хелсинки!

Денес почнува јубилејното 40-то Европско првенство во четири градови во четири држав. Првото коло почна во Хелсинки, а на теренот играат Словенија и Полска, кои ќе го означат почетокот на трката која ќе трае 18 дена и ќе заврши на 17-ти септември во Истанбул.

Сите на тронот веќе ги гледаат Шпанците. Иако го немаат Серхио Љуљ, ниту Руди Фернандес, но тука се одличните браќа Гасол. Веројатно најсилниот центарски пар на Евробаскетот. Тука е и волшебниот Серхио Родригез, па и Рики Рубио, Хуан Карлос Наваро, Абринес, браќата Ернангомес...  Без никакви дилеми, „црвената фурија“ е фаворит.
Во редот зад Шпанците има доста екипи, барем седум, осум. Во групата со Србија, најопасен ривал е Турција. Фаворити се и Литванците, актуелните вицешампиони, кои немаа многу проблеми, иако пред крајот на подготовките ги затераа малери, труење со храна, повреди, па доцнење на играчот поради невремето во Тексас. И Французите се десеткувани, но и понатаму се многу сериозни.
Во вториот малку поширок круг се Турците, кои кога и да организираат големо натпреварување, земаат медал. Хрватите не се баш најсилни, но се доволно силни. Словенците се многу сериозни. Италијанците не блескаа во подготвителниот период. Се вратат стандардно околу истите позиции. Овој круг би требало да ѝ припаѓа на Грција, тоа го наложува нејзината традиција. Но во моментот кога остана без Јанис Атетодокунмпо, шансите доста ѝ се намалија.
Тука се некаде и Летонија, Црна Гора, Русија, Грузија... За останатите важно е да учествуваат.
По првата фаза од натпреварувањето, четирите најдобри екипи од сите групи ќе одат во елиминациски рунди. Се тргнува од осминафиналето, кое се добива со просто вкрстување на групите А и Б, односно Ц и Д (првиот и третиот, вториот и четвртиот).
Елиминациските рунди се играат во Истанбул, во арената „Синан Ердем“, почнувајќи од деветти септември.
Наредните 20 дена нè чека одлична кошарка. Дури и денешната премиера во Хелсинки ветува многу.

Семафор на првото коло на Евробаскетот
А група (Хелсинки)
Четврток:
12.45: Словенија – Полска
15.30: Исланд – Грција
19.00: Франција – Финска
Б група (Тел Авив)
Четврток:
14.45: Германија – Украина
17.30: Литванија – Грузија
20.30: Италија – Израел
Ц група (Клуж)
Петок:
14.00: Унгарија – Хрватска
16.45: Шпанија – Црна Гора
19.30: Романија – Чешка
Д  група (Истанбул)
Петок:
13.15: Белгија – Велика Британија
16.00: Србија – Летонија
20.00: Турција – Русија

Најнови вести