Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2018

Левандовски: Бев сам, се борев... Немаме квалитет

Капитенот на полската репрезентација Роберт Левандовски е разочаран по испаѓањето од Мундијалот во Русија.

„Можеби ова е сè што можевме да направиме. Да бидеме искрени, не е како да испаднавме тесно... Се боревме, се обидовме колку што можевме, во моментов не може повеќе“, изјави најдобриот фудбалер на Полска и продолжи.
„Многу работи не беа како што треба во текот на целото првенство. Бев сам, се борев, направив што можев, но борбата не е доволна да победиш на Мундијал. Неопходен е и квалитет, а ние го имаме малку“.
Полска последниот натпревар го игра против Јапонија во четврток.

Најнови вести