Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.10.2017

Полска ја прегази Ерменија, Левандовски легенда

Репрезентацијата на Полска ја победи Ерменија со 6-1 во деветтото коло од групата Е од квалификациите за Мундијалот во Русија.

Полјаците беа повеќе од убедливи, а Роберт Левандовски влезе во легендите на неговиот национален тим. Со хет-трикот успеа да стане најдобар стрелец во историјата на националниот тим на Полска со 50 постигнати голови и го престигна Влодек Лубански на вечната листа на стрелците за два погодока.
Првиот гол за Полска го даде  Камил Гросицки уште во втората минута. Потоа следуваа двата погодока на Левандовски во 18-тата и во 25-тата минута, со коишто беше трасирана сигурната победа. Тој прво погоди од слободен удар, а потоа ја искористи катастрофалната грешка во одбраната на Ерменија и индиректниот удар по враќањето на топката од голманот со нога. Од непосредна близина на голот не му беше тешко на напаѓачот на Баерн по втор пат да ја затресе мрежата .
Во вториот дел од средбата, Блашчиковски зголеми на 4-1 во 58-мата минута, шест минути подоцна Левандоввски го комплетираше хет-трикот, а конечниот резултат 6-1 го постави Волски пред продолжението.

Најнови вести