Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2017

Шутерскиот двобој за Словенија, браќата Гасол ја одведоа Шпанија во полуфиналето

Шпанија ја оствари седмата победа на Европското првенство, повторно без поголеми проблеми, иако Германците јуначки се бореа. Словенија со седмиот триумф се пласираше во четирите најдобри.

Германија против Шпанија се држеше до 27-мата минута (50:50), но потоа „црвената фурија“ заигра во стилот на нејзиниот прекар. Серхио Родригес со тројка ја зголеми серијата, потоа зад линијата 6,75 погоди Марк Гасол, па тој играч погоди два плус еден.
Марк не застана на тоа, постигна уште една тројка на 70 секунди пред крајот, а потоа и на четири секунди пред крајот на третиот квартал, па Шпанија пред последните десет минути имаше плус 12 (65:53)
„Панцерите“ подобро го почнаа натпреварот, поведоа со 11:2, водеа сè до 27:25, а на полувремето заостануваа само со еден поен (34:33) и се држеа сè до 50:50.
Марк Гасол имаше учинок од 28 поени, десет скокови и четири асистенции. По Гасол постигна 19, а покрај нив двајца двоцифрен беше уште само Родригес со 11. На другата страна, најдобар беше Шредер со 27 поени, Тајс стигна до 15, а останатите беа многу полоши.
Со седум победи во полуфиналето се пласира и Словенија. Словенците почнаа многу подобро, поведоа со 30:15 на крајот на првата четвртина. Но Летонија е одлична екипа, па најмногу благодарение на тројките успеа да го стигне и да го престигне ривалот.
На полувремето Летонија дури имаше и четири поени повеќе, благодарение на тројката на Давис Бертанс од дополнителното слободно фрлање и со тројката на Блумс во завршницата на другиот квартал.
Словенија влезе во ритам во продолжението, па пред последниот период имаше предност од десет поени (76:66), а со тројката на Рендолф и плус 13 веднаш потоа (79:66).
Во тимот од Балтикот сè зависеше од Порзингис и погодокот за три поени. И кога им тргна, се вратија во игра, па Игор Кокошков, селекторот на Словенија, мораше да побара тајмаут на шест минути пред крајот (81:79).
„Змејовите“ дојдоа при себе, а ги имаа и Лука Дончиќ и Зоран Драгиќ. Првиот погоди невозможна тројка, а вториот отворена за разлика од седум поени (88:81).
Потоа Дончиќ погоди уште еднаш зад линијата 6,75, па неговиот тим имаше осум поени повеќе (91:83).
На другата страна не се даваше Давис Бертранс, врати со иста мерка (91:86), а одличниот Порзингис со четири врзани поени го врати неговиот тим на минус два (91:89).
Тој потоа погоди и тројка и дополнително го приближи неговиот тим (93:92), но не ја погоди тројката за водство. Мориќ беше сигурен од линијата за слободни фрлања, а на 30 секунди до крајот и Рендолф (97:92). Тука беше одлучено кој ќе биде вториот полуфиналист.

Најнови вести