Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2017

Болт победи на митингот на Дијамантската лига во Монако

Болт победи со резултат 9,95 секунди и ја исполни целта која ја зацрта пред натпреварувањето, да трча под десет секунди.

Јамајканскиот атлетичар Јусејн Болт, светскиот рекордер и повеќекратен олимписки шампион, синоќа победи во трката на сто метри на митингот на Дијамантската лига во Монако.
Болт победи со резултат 9,95 секунди и ја исполни целта која ја зацрта пред натпреварувањето, да трча под десет секунди.
Второто место го зазеде Американецот Ајзеа Јанг со резултат 9,98 секунди, а трет низ целта помина Акани Симбине од Јужна Африка со 10,02 секунди.
Митингот во Монако е последна проверка за Болт пред Светското првенство во Лондон во август, каде што претходно најави дека ќе ја заврши кариерата.
Во трката на 400 метри победи олимпискиот шампион Вејд ван Никерк со резултат од 43,73 секунди, што е рекорд на митингот. Втор беше атлетичарот од Боцвана, Ајзеа Маквала со 43,84, а трет беше неговиот сонародник Бабилоки Тебе со резултат 44,26 секунди.

Најнови вести