Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Болт: Адекватна суспензија, прописите си се прописи

Најбрзиот човек на светот Јусејн Болт ја поддржа суспензија на руските атлетичари на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„Ова е јасна порака. Ако правите одредени работи, лажете и ги кршите правилата, против вас ќе бидат преземени драстични мерки“, изјави Болт.
Момчето од Јамајка наведе дека користењето на недозволените супстанци може само да му наштетат на спортот.
„Прописите се прописи, тоа секогаш го истакнувам. Се надевам дека суспензијата е адекватна. Сите сакаме чист спорт“.
Тој ги поддржа надлежните институции кои го открија систематскиот допинг во Русија и ја казнија целата атлетска експедиција.
„Ако луѓето кои се занимаваат со тоа кажуваат дека целокупниот тим треба да биде суспендиран, нека биде така. Допингот е многу штетен за атлетиката, можам само да ја поддржам одлуката. Го сакаме спортот и сакаме да биде чист, тоа е пораката“.

Најнови вести