Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Болт како роденденска желба посака да заигра за англискиот гигант

Светскиот атлетски рекордер на 100 и 200 метри тренира во Австралија

Најбрзиот човек во историјата, Јусеjн Болт, ја почнува својата фудбалска кариера. Тој е играч на тимот Сентрал Коуст маринерс во Австралија. Денеска го одработи првиот тренинг, и тоа точно на прославата на неговиот 32-ри роденден посака да заигра за славниот англиски клуб Манчестер јунајтед. 
Болт е голем навивач на најтрофејниот клуб во Премиер лигата и често пати е во дресот на „црвените ѓаволи“, но само како навивач. Голема желба му е да биде и играч на славниот тим од „Олд Трафорд“. 
„Секој ден сонувам да заиграм за Манчестер јунајтед. Тоа е мојата најголема желба. Не може да постои поголем сон од тоа. Дури и да е само еден меч, тоа ќе биде остварување на сонот“, вели Болт, кој е играч на тимот од Сиднеј. 
Во својата атлетска кариера Болт постави стандарди и резултати кои засега не се постигнати. Тој е рекордер на 100 и 200 метри. Има освоено 23 златни медали, од кои осум се на Олимписки игри. Атлетската кариера му беше речиси перфектна, но во фудбалот сигурно нема да биде на тоа ниво. 
„Не си поставувам никакви цели. Ова ми е шанса да тренирам и да стигнам до нивото на професионален играч. Тука сум да работам и да учам. Имав понуди и од Шпанија и Франција, но тогаш ќе ми беше потешко бидејќи не го знам нивниот јазик. Уживам во Австралија и му благодарам на тимот на Маринерс што ми даде шанса да играм“, заврши славниот Болт. 

 

Најнови вести