Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2015

Злато за неприкосновениот Болт и на 200 метри!

Јамајчанецот Јусејн Болт е светски шампион и на 200 метри. Во финалето на трката во Пекинг најбрзиот човек на денешницата со најдобар резултат оваа сезона на светот (19:55) повторно беше побрз од најголемиот ривал, Американецот Џастин Гетлин (19:74).

Трет беше Анасо Јободвана од Јужноафриканската Република, кој со резултат од 19:87 постави нов национален рекорд.
Светскиот рекордер пред неколку дена ја одбрани титулата и во трката на сто метри.
Јамајчанецот е четврт пат последователно светски шампион, по триумфот во Берлин 2009, Даегу 2011 и во Москва 2013.

Најнови вести