Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2018

Болт конечно на проба во фудбалскиот клуб

Најбрзиот човек во историјата, Јамајчанецот Јусејн Болт не се откажува од фудбалската кариера и во наредниот период ќе биде на проба во австралискиот Сентрал Коуст Маринерс.

Триесет и едногодишниот рекордер на сто и на двесте метри на пробата ќе помине шест седмици, по што ќе биде одлучено дали клубот ќе му понуди договор.
АП наведува дека двете страни се договориле за условите на соработка во случај Болт успешно да го одработи пробниот период. Се очекува клубот да му плати 70 отсто од платата, додека преостанатите 30 отсто да ги финансира Фудбалската федерација на Австралија.
Болт претходно тренираше со фудбалерите на Борусија Дортмунд, а одигра и пријателски натпревар за норвешкиот Стромсгодсет против јуниорката селекција на Норвешка.
На споменатите клубови и на Болт спонзор им е „Пума“ и многу излети на Јусејн во светот на фудбалот се поврзани со маркетингот на германскиот произведувач на спортска опрема. Спонзор на Сентрал Коуст Маринерс е „Умбро“.

Најнови вести