Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2017

Шпанија и Германија во финалето на ЕП во Полска

Репрезентациите на Шпанија и на Германија се пласираа во финалето на Европското првенство за млади. Шпанците ја победија селекцијата на Италија со резултат 3-1 (0-0), додека Германците ги победија Англичаните по подоброто изведување на пеналите со 6-5.

Јунак на натпреварот меѓу Шпанија и Италија беше Саул Нигез, фудбалерот на Атлетико Мадрид, кој постигна хет-трик во 53-тата, во 65-тата и во 74-тата минута, а стрелец на единствениот гол на „аѕурите“ беше Федерико Бернардески во 62-рата минута од средбата.
По 120 минути игра во дуелот меѓу Германија и Англија, резултатот беше 2-2, а потоа Германија беше подобра во пенал-серијата со 4-3.
Најзаслужен за пласманот на Германците во финалето беше голманот Јулијан Полерсбек, кој одбрани два удари од единаесет метри, а го запре и одлучувачкиот пенал во петтата серија од Нејтан Редмонд.
Финалето на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година меѓу Шпанија и Германија се игра во петок.

 

Најнови вести