Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2016

Удар за Сити, Агуеро ја дозна казната

Аргентинецот Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, е суспендиран на четири натпревари.

Фудбалерите на Манчестер сити изгубија од Челзи во дербито од 14-тото коло на Премиер лигата, а во центарот на вниманието во финишот на натпреварот беше остриот лизгачки старт на Агуеро над Давид Луиз.
ФА денес соопшти дека Агуеро ќе мора да ја отслужи казната од четири натпревари, па поради суспензијата ќе пропушти важни натпревари на Сити.
Пеп Гвардиола нема да може да смета на него за натпреварите со: Лестер, Ватфорд, Арсенал и со Хал за Боксинг деј, но ќе се врати за дербито со Ливерпул на 31-ви декември.

Најнови вести