Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2016

Наполи: Милик со број 99, деветката го чека Икарди

Полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик официјално го комплетираше трансферот во Наполи и го зема дресот со број 99, објави италијанскиот клуб.

Клубот од Неапол за одличниот напаѓач му плати на Ајакс 25 милиони евра и со тоа ја почна реконструкцијата на нападот по заминувањето на Гонзало Игуаин во Јувентус за 94 милиони евра. 
Милик минатата сезона со 21 гол беше прв стрелец во холандскиот шампионат, а претходно играше за Гурњик, Баер Леверкузен и Аугсбург.
Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис нема да заврши со трансфери затоа што дресот со број девет го чува за капитенот на Интер Мауро Икарди.

Најнови вести