Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

Варди: Лесно го одбив Арсенал

Напаѓачот на англискиот шампион Лестер изјави дека многу лесно ја одбил понудата на Арсенал и истакна дека се надева дека и Ријад Марез ќе остане во клубот.

Арсенал во јуни ја активираше клаузулата во неговиот договор и се обиде да го доведе Варди за сума од околу 24 милиони фунти, но англискиот репрезентативец го продолжи договорот со „лисиците“, додека денови англиските медиуми пишуваа дека Ријад Марез е блиску до трансфер на „Емирати“.
„Се чувствувам неверојатно во клубот, сите сме како семејство и имам уште незавршена работа овде. Чувствувам дека клубот тргна напред и тоа е правец во кој и јас сакам да одам. Беше многу лесно да го одбијам Арсенал и тоа не беше голема одлука. Што се однесува до Марез, мислам дека сите во клубот сакаат тој да остане и да игра со нас, но одлуката е негова и тој и клубот требаат да го решат тоа“, изјави Варди.
Варди во текот на кариерата настапуваше за Стоксбриџ, Халифакс и Флитвуд пред во мај 2012 година за милион фунти да дојде во Лестер. За „лисиците“ досега одигра 144 натпревари, постигна 50 голови и го освои англискиот Шампионат и Премиер лигата.

Најнови вести