Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Грин суспендиран за петтиот натпревар во НБА финалето

Кошаркарот на Голден стејт вориорс Демонд Грин ќе го пропушти петтиот натпревар во финалето на НБА лигата со Кливленд кавалирс поради суспензија.

Грин е суспендиран поради инцидентот кој се случи во текот на четвртиот натпревар на големото финале кога ја удри ѕвездата на Кавалирс  Леброн Џејмс.
Во еден од дуелите, Грин и Џејмс се заплеткаа на средината на теренот и можеше да се види дека кошаркарот на Вориорс со рака го удри Леброн во препоните.
Грин во саботата имаше сослушување пред НБА лигата, а неговиот тим очекуваше суспензија. Играчот на Вориорс од почетокот на плеј-офот собра четири казнени поени поради своите фаули, а веќе се најде во центарот на вниманието кога го шутна центарот на Оклахома Сити тандерс, Стивен Адамс во препоните. Поради тој потег за малку не заработи суспензија, но поради инцидентот со Леброн не помина без казна.
Вориорс во моментов водат со 3-1 во финалната серија, а петтиот натпревар ќе се игра вечер во Кливленд.

 

Најнови вести