Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2016

Твенте исфрлен во втората лига поради долг 32 милиони евра

Тимот на Твенте е исфрлен од Ердивизија во втората холандска лига поради финансиски проблеми.

Твенте веќе со години се мачи со финансиски проблеми, но никој не очекуваше дека шампионот од 2010 година ќе биде исфрлен од првата лига.
Фудбалскиот сојуз на Холандија сепак му ја скрати лиценцата на Твенте за следната сезона поради 32 милиони евра, па така тимот ќе игра во втората лига.
Твенте со новата управа и со новите спонзори и компании од 1-ви мај започна да ги намалува долговите, а градот Енсхеде беше гарант за лиценцата.
Поради тоа челниците на клубот најавија дека со помош на адвокат ќе проверат дали фудбалскиот сојуз на Холандија постапил според прописите.
Твенте во изминатата сезона заврши на 13-тата позиција, две места над зоната за испаѓање, и покрај одземањето на три бодови, исто така поради долгови.
Ова ќе донесе хаос во баражот за опстанок, па Вилем 2 или Де Графшап ќе останат во првата лига, доколку загубат од НАЦ Бреда, односно Го Ахед Иглс.
Твенте е основан во 1965 година, во 2010 година ја освои единствената титула, а минатата сезона беше вицешампион.
„Гордоста на истокот“има освоено три национални купови, додека во 1975 година играше во финалето на ФА купот.
Во овај тим своевремено играа Роналд де Бур, Енди ван дер Вмејд, Елјеро Елија, Арнолд Бругинк, Марко Арнаутовиќ... 

 

Најнови вести