Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2016

Варди е играч на сезоната во Премиер лигата

Првиот стрелец на Лестер Џеми Варди е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата во сезоната 2015/16.

Варди признанието го доби во конкуренција со соиграчот Ријад Марез, Вес Морган, Нголо Канте и Каспер Шмајхел, триото од Тотенхем, Хари Кејн, Деле Али и Тоби Алдервејрелд, како и Димитри Пеје од Вест хем и Месут Озил од Арсенал.
Малку порано напаѓачот на „лисиците“ беше одбран за најдобар играч во Премиер лигата во изборот на новинарите.
Варди оваа сезона во англискиот шампионат постигна 24 голови и така даде голем придонес во освојувањето на титулата во Премиер лигата.

Најнови вести