Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2016

Продолжува доминацијата на Розберг

Розберг уште еднаш покажа дека е без конкуренција и трката ја заврши за време од еден час, 32 минути и 41 секунда, пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Германецот комплетираше уште еден одличен викенд, беше најбрз на тренингот, суверено дојде до пол позицијата, а на самата трка ниту во една секунда не беше загрозен.

Хамилтон на трката започна од осмата позиција, но го искористи инцидентот на самиот старт и се приклучи кон врвот што му овозможи на крајот да заврши на второто место, со нешто повеќе од 25 секунди заостанување зад Розберг. Местото на подиумот го комплетираше Кими Раиконен од Ферари со 31,998 секунди заостанување.
Розберг стана првиот возач по Михаел Шумахер во 2004 година кој успеа да ги врзе победите на четири трки на самиот старт на сезоната, а само уште двајца возачи успеаја седум пати по ред да дојдат до триумфот.
Инцидентот на стартот се случи во вториот свиок во Сочи и го определи понатамошниот тек на трката- Данил Квјат го удри Себастијан Фетел и го истурка кон болидот на Даниел Рикијардо, а возачот на Ферари излета од патеката и го заврши својот настап.
Квјат доби казна од 10 секунди во боксот, уште неколку возачи меѓу кои беше Нико Хулкенберг мораа да се откажат. Хамилтон ја искористи низата грешки на Кими Раиконен во уводниот дел од трката и актуелниот шампион во конкуренција со конструкторите остварија нова двојна победа. Поени од Големата награда на Русија запишаа уште и Валтери Ботас, Фелипе Маса, Фернандо Алонсо, Кевин Магнусен, Роман Грожан, Серхио Перез и Џенсон Батон.
По оваа трка Розберг ја зголеми предноста над Хамилтон во генералниот пласман, има 100 бодови, 43 повеќе од Британецот, потоа следи Раиконен со 43 и Даниел Рикардо со 36 поени.

Најнови вести