Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2016

Лестер без Варди против Јунајтед

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди нема да може да му помогне на својот тим ниту во дуелот со Манчестер јунајтед бидејќи доби дополнителен натпревар суспензија.

Варди е казнет бидејќи жестоко протестираше кај судијата Џон Мос, кој му покажа црвен картон во дуелот со Вест хем на 17-ти април. 
Тој првично беше суспендиран само за натпреварот со Свонси, но сега не ќе може да игра ни против Јунајтед во натпреварот во кој Лестер би можел да ја освои шампионската титула во Премиер лигата.
Варди е вториот стрелец во Премиер лигата со 22 голови и е еден од најзаслужните играчи во сезоната од соништата на тимот на Клаудио Раниери.
Лестер на само три кола пред крајот има 76 бодови, седум повеќе од второпласираниот Тотенхем.

Најнови вести