Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2016

Марез: Тајната е во тимскиот дух

Фудбалерот на Лестер Ријад Марез изјави дека неговата награда за најдобар играч во Премиер лигата е резултат на тимската работа.

Марез ја доби награда во конкуренција со соиграчите Џејми Варди и Нголо Канте, напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, Месут Озил од Арсенал и Димитри Паје од Вест хем. 
Алжирецот оваа сезона постигна 17 голови, со 11 асистенции, и е еден од најзаслужните за првото место на Лестер на табелата во Премиер лигата, а се наоѓа на чекор од освојувањето на титулата.
„Сите заслуги одат во тимот, кај менаџерот и кај целокупниот стручен штаб. Без нив не би ја освоил оваа награда, а тајната е во тимскиот дух. Благодарен сум што ја добив оваа награда, ми причинува особена чест. Уште позначајна е бидејќи играчите гласаа за мене, видоа дека бев добар оваа година. Но тоа е повеќе поради тимот, работевме напорно едни за други, ние сме како браќа и тоа е нашата сила. Ако некогаш не ни оди добро, знаеме дека ќе се бориме без оглед на сè“, изјави Марез. 
Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, е прогласен за најдобар млад фудбалер, пред неговиот соиграч Кејн, Ромелу Лукаку и Рос Баркли од Евертон, голманот на Стоук Џек Батланд и Филипе Кутињо од Ливерпул.

Најнови вести