Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2016

Марез најдобар играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Лестер Ријад Марез е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2015/16.

Марез одигра фантастична сезона и е еден од најзаслужните што „лисиците“ се на прагот на сензационалната шампионска титула на Островот.
Тој одигра 34 натпревари во првенството, постигна 17 голови и забележа 11 асистенции.
Покрај него во идеалниот тим во Премиер лигата се наоѓаат уште тројца играчи на Лестер- Вес Морган, Нголо Канте и Џејми Варди.
За најдобар млад играч е прогласен Деле Али од Тотенхем.
Тимот на Премиер лигата го сочинуваат:
Давид де Хеа (Манчестер јунјатед) – Дани Роуз, Тоби Алдервејрелд (Тотенхем), Вес Морган (Лестер), Ектор Белерин (Арсенал)- Димитри Паје (Вест хем), Нгло Канте (Лестер), Деле Али (Тотенхем), Ријад Марез (Лестер) - Хари Кејн (Тотенхем), Џејми Варди (Лестер).

Најнови вести