Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2016

Раниери: Не знам која емоција е ова

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери емотивно одговори по новата победа на својот тим.

Лестер е чекор поблиску до освојувањето на титулата во Премиер лигата по триумфот над Сандерленд со 2-0.
Победата на „лисиците“ им ја донесе двократниот стрелец Варди.
„Многу е важно дека Варди ги постигна головите, бидејќи во последните неколку натпревари имаше добри асистенции, но тој е стрелец и му требаше гол, а јас сум среќен поради тоа“, изјави Раниери, но веднаш ја „спушти топката“, бидејќи смета дека сè уште не е ништо готово.
„Навивачите мораат да продолжат да сонуваат, а ние мораме да останеме сконцентрирани и фокусирани. Сега нè очекуваат два тешки натпревари на домашен терен и мораме да продолжиме вака. Не освоивме сè уште ништо, а на овој натпревар направивме некои грешки кои мораме да ги поправиме. Оваа работа ја работиме поради емоцијата која ја носиме во себе, но тешко ми е да кажам која е таа емоција“, заклучи менаџерот на Лестер.

Најнови вести