Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.4.2016

Бенитес: Сакам да останам дури и ако испаднеме

Менаџерот на Њукасл Рафаел Бенитес планира да остане долго на „Сент Џејмс парк“, дури и ако не се избори за опстанок во Премиер лигата.

„Се надевам дека ќе останам во Њукасл неколку години. Сакам и следната сезона да го водам овој тим, без оглед на околностите, намерата ми е да останам овде“, изјави Бенитес.
Шпанскиот стручњак во март го презема Њукасл, но до сега не успеа да оствари победа откако забележа два порази и еден нерешен резултат.
Шансата за првиот триумф од доаѓањето на „Сент Џејмс парк“ ќе ја има денес на гостувањето на Саутхемптон.
Тимот на Њукасл се наоѓа на 19-тото место на англискиот шампионат со шест бодови помалку од Норвич кој се наоѓа во сигурната зона.

Најнови вести