Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2016

Вардарки подобри од европскиот шампион

Ракометарките на Вардар извојуваа победа над европскиот првак Будуќност со два гола разлика 26-24 и ја прекинаа победничката серија на црногорките во меѓусебните дуели.

Натпреварот подобро го започнаа ракометарките на Вардар кои поведоа со 4-2, но гостинската екипа не дозволи долго да се задржи предноста па првото полувреме се водеше изедначена борба на теренот, а на паузата заминаа со нерепен резултат 11-11.
Во ист ритамот се играше и во второто полувреме, но неколкуте грешки на вардарки дозволија предност на црногорските ракометарки  со два гола разлика, која успеаја да ја оддржат сè до последните 10 минути од натпреварот.
Во финишот на натпреварот Амандин Лејно на голот успеа да ги сопре нападите на гостинките, со што вардарките успешно го преземаа водството и финишираа со победа од два гола во дерби натпреварот со големиот ривал.

Најнови вести