Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2015

Тренерот на Малме ја презема репрезентацијата на Данска

Норвешкиот тренер Аге Хареиде ќе ја напушти клупата на Малме по натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопшти шведскиот клуб.

Малме наведе дека 62 годишниот Хареиде „усмено соопштил“ дека нема да ја води екипата по Нова година, по две години поминати на клупата на овој клуб.
Екипата на Малме не успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, бидејќи групната фаза ќе заврши по ПСЖ и Реал Мадрид.
Како пренесуваат светските медиуми, Хереиде ќе стане селектор на репрезентацијата на Данска, која неодамна ја напушти Мортен Олсен по 15 години на тоа место.
Фудбалскиот сојуз на Данска соопшти дека новиот селектор ќе биде промовиран пред 31 декември.
Данска не успеа да се пласира на Европското првенство во Франција откако беше елиминирана во баражот од Шведска, а претходно заврши како трета во квалификациската група зад Португалија и Албанија, а пред Србија и Ерменија. 

Најнови вести