Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2015

Моја: Надал ќе мора да почека Ѓоковиќ да излезе од форма

Карлос Моја поранешниот тенисер, а воедно и ментор на Рафаел Надал, изјави дека Шпанецот ќе мора да почека Новак Ѓоковиќ да излезе од форма.

Ѓоковиќ целосно доминираше на АТП турнејата оваа сезона освојувајќи 11 трофеи од 15 финалиња, а успеа да изедначи на 23-23 во меѓусебниот резултат со Надал.
Новак е доминантен и во дуелите со еден од најголемите ривали, а успеа да добие осум од последните мечеви со Надал.
„Ѓоковиќ се наоѓа на несекојдневно ниво. Надал ќе мора да почека, а ако Новак продолжи вака ќе биде многу тешко. Србинот одигра една од најдобрите сезони во историјата на тенисот. Сепак, ќе дојде момент кога нивото на Новаковата игра ќе падне и тогаш Рафаел ќе има шанса.“, изјави Моја.
Надал одигра една од најлошите сезони во својата кариера во која доживеа дури 20 порази со 61 триумф.
„Мислам дека ќе има многу шанси за победа на Грен слем доколку успее да се врати на највисокото ниво. Во последните два месеци физички беше спремен, а најдобриот Надал ќе го видиме следната година. Дали ќе може да се врати на првото место? Тоа е малку потешко, потребна е неверојатна константност “, додаде Моја.

Најнови вести